Анри ван де Велде


Учесници на Викимедиини проекти

Article Images

Анри ван де Велде

Анри Клеменс ван де Велде (фламански: Henry Clemens Van de Velde, 3 април 1863, Антверпен - 25 октомври 1957[1]) — белгиски фламански сликар, архитект, дизајнер на ентериер и професор. Заедно со Виктор Орта и Паул Ханкар може да се смета за еден од главните основачи и претставници на стилот ар нуво (правец познат и по името сецесија) во Белгија. Ван де Велде најважниот дел од својата кариера го поминал во Германија и се смета дека имал одлучно влијание на германската архитектура и дизајн на почетокот на 20 век. Одиграл важна улога во германскиот Веркбунд (Deutscher Werkbund) и во Баухаус (во Вајмар). Од 1926 до 1936 бил професор на универзитетот во Гент.

Анри ван де Велде

Портрет на Анри ван де Велде, од Никола Першајд (1904).

Роден(а)3 април 1863
Антверпен, Белгија
Починал(а)25 октомври 1957
Оберегери, Швајцарија
НационалностБелгиец
ЗданијаКуќата Блуменверф во Укел (1895)

Школата на уметнички занаети во Вајмар (1907)
Веркбунд театар во Келн (1914)

Универзитетска библиотека со "Boekentoren" во Гент (1933)
  • Столица дизајнирана за куќата "Блуменверф", 1895

  • Доградба на Ниче архивот во Вајмар

  • Вила Хохенхоф во Хаген

  • Вила Хохенхоф во Хаген

  • Главна зграда на универзитетот на Баухаус во Вајмар

  • Зградата ван де Велде во Вајмар, седиште на уметничкиот факултет на универзитетот Баухаус

  • Вила Шуленбург во Гера

  • Скалила на санаториумот во Тшебехов

  • Скалила на санаториумот во Тшебехов

  • Споменик на Фредерик де Мерод во Брисел

  • "Boekentoren" на универзитетот во Гент

  • "Boekentoren" на универзитетот во Гент

  1. „Velde, Henry van de“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. 2007. Посетено на 2007-09-25.