Ајзенберг (Тирингија)


Учесници на Викимедиини проекти

Article Images

За други истоимени места, погледајте Ајзенберг.

Ајзенберг (германски: Eisenberg) — град и административно седиште на округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот се наоѓа на половина пат помеѓу Јена (25 километри на запад) и Гера (15 километри на југоисток).

Ајзенберг

Eisenberg

Стариот град на Ајзенберг
Стариот град на Ајзенберг
Стариот град на Ајзенберг
Грб на Ајзенберг

Ајзенберг (Тирингија) во рамките на Германија

Ајзенберг (Тирингија)

Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зале-Холцланд
Градски единици 4
Градоначалник Михаел Кислих (ДХС)
Основни податоци
Површина 24,67 км2
Надм. височина 290 м
Население 10.704 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 434 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SHK
Пошт. бр. 07607
Повик. бр. 036691
Портал www.stadt-eisenberg.de
Местоположба на градот Ајзенберг во рамките на округот Зале-Холцланд
Карта
Карта
Координати 50°58′0″N 11°54′0″E / 50.96667° СГШ; 11.90000° ИГД

Западно од Ајзенберг води автопатот А9 од Берлин до Минхен. Традиција во Ајзенберг на Бадник е луѓето во градот да се сретнат на плоштадот и до шест часот да слушаат божиќна музика во живо од кулата на Градското собрание - свирена од хорот на лутеранската парохија.

Главна знаменитост во градот е барокната замок-црква, изградена во 1692 година од Кристијан, војвода на Саксо-Ајзенберг.

Градот Ајзенберг се состои од историскиот Стар град и поновите градски единици. Околу еден километар на север се наоѓа населбата Хајмштетен. Во долината на Рауда, јужно од Стариот град, долж потокот се наоѓаат осум .

Кон Ајзенберг се припоиле поранешните соседни општини Фридрихстанек, Заза и Курсдорф.

Соседни општини се Гезен, Хајншпиц, Хајделанд, Петерсберг, Рауда, Зилбиц, Таутенхајн и Вајсенборн.

Просечните годишни врнежи во периодот 1961-1990 изнесуваат 646 мм и со тоа се под германскиот просек. Најсув месец е февруари, додека најмногу врнежи паѓаат во јуни и во август.

Градскиот совет на градот Ајзенберг се состои од 24 членови, што одговара за град помеѓу 10.001 и 20.000 жители.[2] Членовите се избираат со мандат од пет години.

Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[3]

Партија / Листа Удел +/− %p Места +/−
CDU 44,7 % + 15,7 11 + 4
SPD 18,5 % − 8,5 4 − 2
Die Linke 17,1 % − 8,8 4 − 2
FDP − 3,0 0 − 1
BDS* 19,7 % + 5,1 5 + 1

* Сојуз за посебност

Од 1 јули 2019 година, градоначалник на Ајзенберг е Михаел Кислих (CDU).

Ајзенберг е збратимен со следниве градови:

  • Воздушен поглед на градот

  • Воздушен поглед на плоштадот

  • Градскиот музејСSСS

  • Градското собрание

  • Градската црква