Вангел Ајановски - Оче
Учесници на Викимедиини проекти
Article ImagesВангел Ајановски - Оче (5 февруари 1909 – 19 мај 1996) — деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија, основач и раководител на Македонската антифашистичка организација (МАО) Тајната ослободителна македонска организација (ТОМО).
Вангел Ајановски - Оче | ||
Роден | 5 февруари 1909 Воден, Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 19 мај 1996 (возр. 87) Скопје, Македонија | |
Познат | основач и раководител на МАО и ТОМО |
Во работничкото движење на Грција учествувал од 1928 година, како член на ОКНЕ. Во периодот меѓу двете светски војни бил член на Комунистичката партија на Грција (КПГ) и секретар на реонскиот комитет за Воден во 1941 година.[1] Во 1942 година во Воден ја основал МАО. Во 1944 година бил заменик на политичкиот секретар на Прва егејска ударна бригада, а во наредната 1945 година, на 20 јануари ја формирал и раководел организацијата ТОМО. Во пролетта (месец април), истата година станал секретар на Окружниот комитет на НОФ за Воденско, а потоа од мај 1947, бил член на Извршниот одбор и организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија. Во периодот од летото 1942 до октомври 1943 го уредувал весникот „Црвена Ѕвезда“.[2]
Вангел Ајановски, пред повеќе од триесетина години, го подарил оригиналниот примерок од прочуениот Абецедар, на Државниот архив на Македонија.[3]
- „Егејски бури“, 1975
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 16. ISBN 9989-624-46-1.
- ↑ Христо Андоновски, Македонците под Грција во борбата против фашизмот 1940–1944, Скопје, 1968.
- ↑ „Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер, му го подарил Оригиналниот „Абецедар" на Архивот на Македонија пред триесетина години“. Македонска нација.
- Егејска Македонија во НОБ 1948, Том V, Скопје 1981
- Егејска Македонија во НОБ 1949, Том VI, Скопје 1983.