Ливе Вестра


Учесници на Викимедиини проекти

Article Images

Ливе Вестра (холандски: Lieuwe Westra; 11 септември 1982 - 14 јануари 2023) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Интермарше-Сиркус-Ванти.

Ливе Вестра
Лични податоци
Цело имеЛиве Вестра
Роден11 септември 1982
Мунен, Холандија
Починал14 јануари 2023 (возр. 40)
Медемблик, Холандија
Висина1,85 м
Маса74 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнтермарше-Сиркус-Ванти
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометри
Професионални клубови
2006–2008
2009–2013
2014–2016
2017-
Кролстоне Континентала Тим
Вакансолел
Астана
Ванти-Груп Гобер
Значајни победи
Последна промена
4 јануари 2017

Професионална кариера

уреди

Во 2012 завршил втор на трката од Светската турнеја Париз-Ница, освојувајќи ја кралската етапа до Манд. Оваа етапа завршувала на нагорнина со просечен наклон од 10,1%.[1] Тој нападнал во последниот километар и водечката група предводена од водачот Бредли Вигинс не можела да го следи неговиот напад. Поминал сам низ целта и имал предност за освојување на водечката маичка, доближувајќи се на само шест секунди до Вигинс.[2] Го завршил Париз-Ница со осум секунди зад Британецот во генералниот пласман.[3] Во август, Вестра го освоил генералниот пласман на Трката околу Данска 2012, етапа со шест етапи која се одржува во Данска. Победил на поединечниот хронометар, што му помогнало да ја запечати победата и освојувањето на водечката маичка. Рамунас Навардаускас од екипата Гармин-Баракуда завршил втор со 10 секунди задоцнување.[4] Вестра ја заработил неговата прва победа за сезоната 2013 на Трката околу Калифорнија, каде ги расипал плановите на спринтерите откако побегнал на 5 километри пред целта и успеал да се одржи пред водечката група. Франсиско Мансебо му се приклучил во обидот за победа и двоецот соработувал заедно, но Вестра победил во спринтот.[5]

По пет години со екипата Вакансолел-ДКМ[6], Вестра се приклучил на Астана на двегодишен договор, за сезоните 2014 и 2015.[7]

Распоред на резултатите на големите трки

уреди

Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016
  Џиро
  Тур 128 СО СО 79 77
  Вуелта 87 СО

СО = се откажал; — = не учествувал

  1. „Драма до последниот на Париз-Ница“. Cycling News. Future Publishing Limited. 2 февруари 2012. Посетено на 9 март 2012.
  2. Даниел Бенсон (8 март 2012). „Westra prevails on Mende mountain finish“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 17 декември 2012.
  3. „Резултата од Париз-Ница 2012“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 10 март 2012. Архивирано од изворникот на 2012-11-14. Посетено на 17 декември 2012.
  4. „Кевендиш ја освои последната етапа на Трката околу Данска“. Cycling News. Future Publishing Limited. 26 август 2012. Посетено на 17 декември 2012.
  5. Кајл Мур (12 мај 2013). „Tour of California: Westra foils the bunch sprint with stage one attack“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 мај 2013.
  6. „Вакансолел-ДКМ Про Сајклинг Тим (VCD) – NED“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-12-24. Посетено на 16 јануари 2013.
  7. „Нови возачи во Астана Про Тим“. Астана. Abacanto SA. 1 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-06. Посетено на 1 август 2013.
Спортски позиции
Претходник
Стеф Клемент
Холандски национален хронометарски првак
2012-2013
Наследник
Том Димулен