Охридско


Учесници на Викимедиини проекти

Article Images

Поимот Охридско се употребува за приближно означување на местото на некој настан и значи дека се случило во околината на градот Охрид, т.е. место кое географски тежнее кон градот. Во зависност од административната поделба дефинирана со соодветна законска регулатива понекогаш се мисли на сите населени места кои потпаѓаат под управување на локалните власти во Општина Охрид и Општина Дебрца, според оваа дефиниција во одредени периоди некои места потпаѓаат под Охридско, но некогаш и не. Традиционалното поимување на крајот доаѓа од опфатот на некогашната Охридска каза во османлиско време.