Рабетинкол
историско-географска област во Македонија
Рабетинкол (позната и како Рабетино или Рабетинска Река) — историско-географска област во западниот дел на Македонија. Областа ги опфаќа селата источно од градот Кичево, долж сливот на Рабетинска Река.
Селата долж течението на Патејчка и Рабетинска Река влегуваат во рамки на областа. Според истражувањата на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година самата област ја поделил на две помали целини:[1]
Рабетинкол | |
---|---|
Горно Рабетино |
Долно Рабетино |
Сепак, традиционално, Рабетинкол претставува само целината Горно Рабетино, односно селата долж сливот на Рабетинска Река, додека оние долж реката Треска, кои се водат како Долно Рабетино припаѓаат на областа Долно Кичево.
- ↑ Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ